По нешто послабата сезона според високите стандарди на клубот, Манчестер Сити планира сериозно засилување на тимот ова лето, со цел повторно враќање на тронот во Премиер лигата. Тренерот Пеп Гвардиола подготвува амбициозен трансфер план со кој „граѓаните“ ќе се обидат да ја вратат доминацијата на англиската фудбалска сцена.
Првиот голем чекор во таа насока е речиси договорениот трансфер на младиот креативец Рајан Шерки од Олимпик Лион. Според медиумите, Манчестер Сити е блиску до финализирање на зделката вредна околу 30 милиони евра. Францускиот фудбалер зад себе има импресивна сезона – настапи на 41 натпревар и забележа 12 голови и 20 асистенции во сите конкуренции.
Покрај Шерки, клубот е во завршна фаза и на преговорите со Милан за холандскиот интернационалец Тијани Рејндерс. За неговите услуги, „граѓаните“ ќе платат околу 70 милиони евра.
Фото: Grok AI
Leave a Reply