Луис Енрике со солзи: Хана е секогаш со нас, тука е, трча некаде…

by

in

Пари Сент Жермен испиша историја со победа од 5-0 против Интер, освојувајќи ја првата титула во Лигата на шампионите во своето постоење.

За тренерот Луис Енрике, овој триумф значеше втора титула од ЛШ и вторa „тројна круна“ во неговата тренерска кариера.

По натпреварот, Енрике имаше емотивно обраќање и упати трогателна посвета на својата ќерка Хана, која почина во 2019 година.

„Не мора да ја освојам Лигата на шампионите за да се сетам на мојата ќерка. Хана е со своето семејство и пријатели секој ден. Без разлика како ќе се разбудиш, кога сакаш некого од срце – знаеш дека тој е со тебе. Хана секогаш е со своето семејство и сигурен сум дека некаде тука трча помеѓу нас“, изјави Енрике со солзи во очите.

Тој носеше специјална маичка посветена на Хана, а моментот стана уште посимболичен благодарение на феновите на ПСЖ, кои на стадионот приредија емотивна кореографија во чест на Енрике и неговата ќерка


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *