Искри во Охрид: Лазаревски го турна Атанасијевиќ, Хосни ги загуби нервите (Видео)

by

in

Во дербито што денеска се одигра во Охрид помеѓу Пелистер и Вардар, како реприза на финалето од Купот на Македонија, уште во раната фаза на натпреварот дојде до тензија на теренот. Инцидентот се случи во 13-тата минута, откако Лазаревски од редовите на Вардар влезе во остар дуел со Атанасијевиќ.

Во обид да се избори за подобра позиција, Лазаревски го турна играчот на Пелистер, по што веднаш реагираше Хосни со бурна реакција, која доведе до моментална турканица меѓу играчите на двете екипи. Сепак, благодарение на брзата интервенција на судиите и останатите играчи, ситуацијата беше смирена пред да прерасне во посериозен инцидент.

 

 

Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *