Ѓорческа ќе игра финале во Куршумлиска Бања!

by

in

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, се пласираше во финалето на ИТФ турнирот во српската Куршумлијска Бања, совладувајќи ја Жибек Куламбаева од Казахстан со 2-1 во сетови.

Ѓорческа, која настапува како втора носителка, мечот го отвори уверливо и првиот сет го доби со 6-2. Сепак, казахстанската тенисерка возврати во вториот сет, славеше со идентични 6-2 и израмни на 1-1.

Во одлучувачкиот трет сет, македонската тенисерка ја презеде контролата и со резултат 6-3 ја обезбеди победата и место во финалето.

Во битката за титулата, Ѓорческа ќе се сретне со седмата носителка, Гркинката Марта Матоула, која до финалето стигна откако нејзината полуфинална противничка се откажа од натпреварувањето.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *