ПСЖ на доминантен начин стигна до првата титула во Лигата на шампиони, откако со 5:0 го победија Интер во финалето.
Интер како да не излезе од соблекувални, нема решение за пресингот на „светците“. Уште после 12 минути Хакими погоди за 1:0 после брилјантната акција.
Десетина минути подоцна Дуе зголеми на 2:0 после една контра, резултат со кој се замина на полувреме.
После првите два гола во првото полувреме, ПСЖ продолжи со голеадата во вториот дел.
Најпрво младиот херој Дуе го постигна својот втор гол за 3:0, во 71-та минута Кварацхелија зголеми на 4:0, а конечните 5:0 го постави Мајо.
Ова е најубедливата победа во историјата на едно финале во Лигата на шампиони.
Leave a Reply