Португалската фудбалска икона Кристијано Роналдо сè уште не ја донел конечната одлука околу својата иднина, бидејќи му истекува договорот со актуелниот клуб Ал-Наср. Иако сè уште не е познато каде ќе ја продолжи кариерата, јасно е каде нема да заигра.
Според медиумски извештаи, Роналдо добил понуда од големиот ривал на Ал-Наср – Ал-Хилал. Саудискиот клуб наводно бил подготвен да вложи сериозни средства за да го донесе славниот напаѓач, но Португалецот ја одбил оваа опција, покажувајќи дека не сака да премине во редовите на директниот конкурент.
Од почетокот на 2023 година, Роналдо настапува за Ал-Наср и е еден од клучните играчи во тимот. Во текот на оваа сезона, тој одигра 41 натпревар во сите конкуренции, при што постигна импресивни 35 голови и запиша уште четири асистенции.
Фото: Принтскрин
Leave a Reply