Надежите до 18 години ремизираа и на втората контролка со Словенија

Младата репрезентација на Македонија и на вториот контролен натпревар одигра без победник 1:1 против соодветната селекција на Словенија.

Избраниците на селекторот Ерхан Селими во првото полувреме одиграа многу подобра за разлика од второто полувреме. Пропуштивме неколку сериозни можности за постигнување на погодок но немавме среќа со реализација.

Првиот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции заврши со идентичен резултат 1:1.

МАКЕДОНИЈА: Горазд Ристовски, Лука Атанасовски, Давид Стојановски, Ненад Дамјановски, Емир Шаботиќ, Хисар Али, Адмир Љатифи, Онур Бешир, Назиф Цека, Ариф Локи, Игор Ристов;

Селектор: Ерхан Селими;


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *