Англискиот гигант Ливерпул продолжува активно да го гради тимот за новата сезона, а најновата вест од Островот е дека клубот постигнал договор со унгарскиот репрезентативец Милош Керкез околу личните услови за трансфер.
Според информациите од блиски извори, Керкез, кој е роден во Србија, но настапува за селекцијата на Унгарија, дал зелено светло за преселба на „Енфилд“, откако се истакна со одлични настапи во дресот на Борнмут. За неговите услуги интерес покажале неколку клубови од Премиер лигата, но Ливерпул се наметна како најрешен кандидат.
Сепак, иако личниот договор со фудбалерот е на маса, трансферот сè уште не е комплетиран – Борнмут не се откажува лесно и бара отштета од околу 35 милиони евра за 20-годишниот лев бек. Преговорите меѓу клубовите се во тек, а се очекува наскоро да се дојде до конечен договор.
Фото: Принтскрин
Leave a Reply