Нема конечка одлука од страна на ЕХФ по повод одложениот реванш дуел од финалниот двомеч од Европскиот куп помеѓу екипите на Алкалоид и АЕК од Атина кој што требаше да се одигра во Скопје.
Европската ракометна федерација (ЕХФ) во вторникот соопшти дека ја предала целата релевантна документација што ја поседува до своите правни тела и побарала иницирање на правна постапка против Алкалоид и АЕК.
Според соопштението на ЕХФ, доставената документација до правните органи се однесува, меѓу другото, на дистрибуцијата на билети за гостинските навивачи од страна на Алкалоид во деновите пред натпреварот, како и на одбивањето на АЕК Атина да излезе на теренот за почетокот на натпреварот.
И двата клуба се повикани да достават свои изјави и информации кои ќе бидат земени предвид од правните тела на федерацијата.
Наместо одлука и доделување на титулата за нашиот Алкалоид, кој што уредно го организираше мечот, ЕХФ носи срамна одлука и одолговлекува.
Leave a Reply