Дарко Чурлинов ја напушти Јагелонија!

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов стави крај на својата авантура во полската Јагелонија, каде што настапуваше како позајмен играч од англискиот Барнли.

Чурлинов во Јагелонија пристигна на почетокот на сезоната и веднаш се наметна како важна фигура во тимот. Со одличните настапи му помогна на полскиот клуб да ја запише една од најуспешните сезони во својата историја – пласман во четвртфиналето од Конференциската лига и освоен трофеј во Суперкупот на Полска.

По завршувањето на сезоната, македонскиот интернационалец преку социјалните мрежи им се заблагодари на клубот и навивачите.

„Ти благодарам Јагелонија за сезоната“, напиша Чурлинов, ставајќи точка на една успешна поглавје во неговата кариера.

Инаку, Чурлинов останува под договор со Барнли, а во наредниот период ќе се одлучува за неговата иднина.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *