Јувентус е подготвен да понуди голема сума за доведување на Виктор Осимен, кој е главна трансфер цел за нападот.
Нигерискиот напаѓач од Наполи моментално игра на позајмица во Галатасарај, каде што се претставува одлично. Меѓутоа, Наполи сака да го продаде ова лето.
Интересот за Осимен е голем, а тој има клаузула за раскин вредна 75 милиони евра. Сепак, таа важи за клубови надвор од Италија и Јувентус не може да ја искористи.
Јувентус веќе преговара со играчот кој е спремен да се пресели во Торино, но преговорите со Наполи нема да одат лесно.
Новиот италијански шампион преферира да го продаде во друг шампионат, а не на директен конкурент.
Leave a Reply