Лазаров: Да навиваме спортски, да не паѓаме на провокации

Избраниците на Кирил Лазаров вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ пред полни трибини го пречекуваат АЕК во вториот финален натпревар од ЕХФ Европскиот Куп. 

Натпреварот ракометарите на Алкалоид ќе го запопнат со предност од четири гола, откако во Атина го добија првиот натпревар со 29:25.

„Сакам да се заблагодарам за поддршката во текот на целата сезона на овој европски пат. Стигнавме до финале кое е многу значајно за нашиот клуб, но и за целокупниот македонски ракомет. Одигравме одличен натпревар во Грција, слободно можам да кажам резултатски и неочекуван. Имаме одлични „плус четири“, момците беа на висина на задачата, тоа што го договаравме го исполнија и со голема предност влегуваме во реваншот“.

„Мора да навиваме спортски да ја оставиме политиката на страна, нашиот одговор треба да биде освојување на титулата, не треба да подлегнуваме на провокации и слични политички работи. Треба да навиваме како што знаеме, најдобри сме во тоа во светот, имаме одлични навивачи кои ја сакаат Македонија, а ние фала богу во ростерот имаме 19 Македонци“, потача Лазаров.

Фото: РК Алкалоид


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *