Интер носи големо засилување за нула евра

Интер е подготвен да му понуди договор на голгетерот од Лил, Џонатан Дејвид, чиишто договор со сегашниот клуб истекува на крајот од сезоната.

Се смета дека конкуренцијата за потписот на напаѓачот е голема, при што Јувентус, Наполи и Арсенал се меѓу клубовите кои водат преговори со неговите претставници.

„Нераѕурите“ исто така се во контакт со менаџерите на 25-годишниот играч, и сега се подготвени и со конкретна понуда. Станува збор за договор до летото на 2030 година со плата од 5 милиони евра по сезона. 

Интер сака да го засили нападот и сака да ја победи конкуренцијата за Дејвид, кој може да пристигне без обештетување.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *