Два дена по трофејот во купот Вардар ги продолжи договорите со двајца важни фудбалери

Само два дена по освојувањето на Купот на Македонија и обезбедениот настап во квалификациите за Конференциската лига, најтрофејниот македонски клуб Вардар веќе ги крои плановите за новата сезона. Од клубот информираат дека двајца од најважните фудбалери, Фаустин Сенгор и Мислав Матиќ, ќе продолжат да го носат „црвено-црниот“ дрес најмалку до 2027 година.

Станува збор за фудбалери кои се приклучија во зимскиот преоден рок и веднаш го најдоа своето место во стартните единаесет. Сенегалецот Сенгор, кој дојде како слободен играч, претходно настапуваше за тимови како турскиот Гиресунспор, македонскиот Шкупи, босанскиот Челик Зеница и сенегалскиот Каса Спорт.

Хрватот Матиќ, пак, во Вардар пристигна со богато искуство од регионот и пошироко, бранејќи ги боите на Широки Бријег, Рудеш, Шибеник, Локомотива Загреб, како и украинскиот Минај.

Со продолжувањето на договорите на овие двајца проверени играчи, Вардар јасно става до знаење дека гради стабилна основа и сериозно се подготвува за настапите на европската сцена.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *