Модриќ добил две примамливи понуди – каде ќе ја продолжи кариерата?

Хрватската фудбалска ѕвезда Лука Модриќ официјално потврди дека на крајот на сезоната ќе се раздели со Реал Мадрид, клубот во кој остави длабока трага и стана еден од најуспешните играчи во историјата на „кралскиот клуб“.

Веста предизвика бројни реакции во светските медиуми, а според информациите од Шпанија, веќе две клубски имиња се издвојуваат како најзаинтересирани за неговиот ангажман – Ал Хилал и Ал Наср од Саудиска Арабија.

Иако има 39 години, Модриќ нема намера да стави крај на активната кариера. Напротив, се подготвува за нов предизвик, а финансиски моќните клубови од Блискиот Исток веќе му испратиле атрактивни понуди.

Фото: Принтскрин


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *