Еве против кои екипи можат да играат Вардар, Работнички и Силекс во квалификациите за Конференциската лига

Македонскиот фудбал летово ќе има три претставници во квалификациите за УЕФА Конференциската лига. Вардар, Работнички и Силекс ќе го започнат својот европски пат од првото квалификациско коло, и тоа како дел од групата на неносители, што значи дека ќе имаат потешка ждрепка.

Веќе се познати и најголем дел од можните противници на нашите тимови. Според сегашните проекции, македонските клубови може да се сретнат со ривали како ирските Шамрок Роверс и Сент Патрикс, финскиот Хелсинки, ерменскиот Пјуни, албанските Партизани и Влазнија, словенечкиот Копер,шкотскиот Хиберниан..


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *