Милан ја сака ѕвездата на Лион

Според информациите од француските медиуми, Милан покажува силен интерес за играчот на Лион, крилниот напаѓач Рајан Черки.

Черки е офанзивен фудбалер, кој успешно го покрива крилото, но исто така може да се истакне и како плејмејкер и важи за еден од најголемите француски таленти.

Поради финансиските потешкотии кои ги има Лион, се очекува Черки да биде ставен на продажба во текот на летото, а во договорот има откупна клаузула од 25 милиони евра.

Милан е спремен да ја плати таа сума, но треба да ја победи конкуренцијата бидејќи за Черки интерес покажуваат неколку други европски гиганти.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *