Ѕвездата на Ливерпул е примарна цел на Барселона

Според информациите од каталонските медиуми, главната трансфер цел на Барселона за следното лето е ѕвездата на Ливерпул, Луис Дијаз.

Иако Ливерпул не размислува за евентуален трансфер, самиот фудбалер има желба да ја смени клубската средина и да се пресели во Шпанија.

Дијаз прикажува извонредна игра оваа сезона, но преговорите за продолжување на договорот со Ливерпул не одат во добра насока, а тоа сака да го искористи Барселона.

Луис Дијаз сака да се пресели во Барселона, а каталонскиот клуб ќе треба да плати 70 милиони евра.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *