Вардар и Струга Трим Лум утре од 20:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе се соочат во рамките на новото финале од Купот на Македонија.
На денешната прес-конференција, тренерите и капитените на двата тима ги споделија своите очекувања во пресрет на утрешното финале.
Страгегот на СтругаИлчо Ѓорѓиоски фаворитската улога ја препушта на Вардар.
– Финале на Куп пред почетокот на сезоната го посакуваат сите, ова е натпревар кој се чека цела сезона. Ние ќе бидеме дел од овој меч, а сакаме да го освоиме ова натпреварување. Струга е релативно млад клуб, во своето постоење има две титули и загубено финале на Купот. Сега имаме втора шанса, сакаме да го донесеме трофејот во Струга. Како тим дефинитивно сме подготвени, желни и мотивирани за утрешниот натпревар. Имаме доволен број на квалитетни и искусни фудбалери кои знаат да се носат со предизвикот.
-Според мене, Вардар е фаворит на утрешниот натпревар. Многу го ценам овој клуб, како играч и тренер освојував титули, тоа е мој клуб. Сепак, дефинитивно сакам да победам во ова финале. Вардар ќе игра пред свои навивачи, ама ние сме подготвени да одговориме на секој предизвик. Ќе влеземе во средбата за да ја добиеме. Вардар е анализиран. тие направија конкурентен тим и низа победи, па имаат максимален респект од наша страна. Знаеме што сакаме и како треба да ја достигнеме зацртаната цел.
Со тренерот на Струга присуствуваше и фудбалерот Буњамин Шабани.
-Играме многу важен натпревар против Вардар. Сите ќе дадеме свој максимум и мислам дека како екипа можеме да дојдеме до трофејот. Ние сме подготвени, искусни играчи сме и живееме за овој тип натпревари. Сметам дека нема да биде проблем фактот дека играме во Скопје и покрај односот на навивачи на трибините. Зад нас имаме големи натпревари дури и во Европа, па тоа е нашата предност. Претходните натпревари со Вардар не значат ништо, утре играме соссема нов меч. Нијанси ќе го решаваат ова финале“
Leave a Reply