ФФМ ја претстави новата топка за финалето од Купот на Македонија – ќе се користи и во новата сезона!

Финалето од Купот на Македонија меѓу Вардар и Струга ќе донесе новина и натпреварот ќе се игра со нова официјална топка од реномираниот спортски бренд „Пума“, објави денеска Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Новата топка нема да биде користена само за завршницата на Купот, туку ќе стане и официјална топка за целата наредна сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), информираат од федерацијата.

Финалето на Купот на Македонија се игра утре од 20:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“.