Кошаркарите наб ТФТ од Тафталиџе испишаа историј и стигнаа до своето прво финале во македонскиот кошаркарски шампионат, откако со максимални 3-0 ја добија полуфиналната серија против Работнички.
По двете стартни победи на домашен терен, избраниците на Боро Смилковски ставија печат на серијата и на гостински терен, совладувајќи го најтрофејниот македонски клуб со убедливи 73-92 во салата „Градски парк“.
Работнички се држеше само во првата четвртина, која ја доби со минимални 27-25, но потоа следеше доминација на гостите. Втората четвртина беше клучна, ТФТ одигра фуриозно, ја доби со 13-33 и замина на пауза со предност од 20 поени (38-58).
Во второто полувреме ТФТ само ја зголемуваше предноста и рутински го приведе натпреварот кон крајот 73-92. Дарин Говенс беше најпрецизен кај победникот со 18 поени, додека Џексон Дубински со 15 поени беше најистакнат поединец во редовите на Работнички.
Leave a Reply