„Златната топка“ ќе се додели во септември во Париз 

Годинешната свечена церемонија за доделување на „Златната топка“ ќе се одржи на 22 септември во Париз, во престижниот „Театар Шатле“.

„Франс Фудбал“ и „Лекип“ денеска објавија дека 69-то издание на „Златната топка“ ќе биде одржано на 22 септември, што е за еден месец порано од настанот кој беше одржан на крајот на месец октомври минатата година.

Веќе се познати главните фаворити за наградата и тоа се Мохамед Салах, Осман Дембеле, Лаутаро Мартинез, Рафиња и Ламин Јамал.

Оваа година најпрестижното индивидуално признание ќе биде неизвесно до самиот крај.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *