Лудница на улиците, Барселона слави титула (видео)

Попладнето, играчите на Барселона организираа голема прослава на шампионскиот трофеј на улиците на овој каталонски град, откако синоќа ја освоија титулата во Ла Лига.

Каталонскиот гигант синоќа ја освои 28-мата титула во шпанското првенство, а претходно сезонава се радуваше и на пехарите во Купот на Шпанија и Суперкупот.

Илјадници навивачи на каталонскиот клуб пристигнаа на улиците на Барселона за да ги поздрават своите херои, а фокусот беше на најмладиот херој на клубот – Ламине Јамал.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *