Екипата на Болоња е освојувач на трофејот во Купот на Италија, откако минимално со 1:0 славеше над фаворизираниот Милан.
За Болоња ова е трета титула во ова натпреварување, но последната ја освои во далечната 1973/1974, а херој беше Ндоје.
Милан подобро го отвори мечот и имаше голема шанса преку Јовиќ уште во четвртата минута.
Моментот на одлука се случи по осум минути игра во второто полувреме кога Ндоје најдобро се снајде во казнетиот простор и го совлада Мењан.
Leave a Reply