ПСЖ бара отштета од 98 милиони евра од Мбапе

Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен тврди дека ѕвездата Килијан Мбапе треба да им исплати оштета во износ од 98 милиони евра поради, како што наведуваат, „тактики на одложување“ што му нанеле финансиска и спортска штета на клубот, објави француското радио RMC.

Според наводите, ПСЖ смета дека Мбапе со своето однесување и пролонгирање на одлуката за иднината, како и со одредени договорни услови, директно влијаел на финансиското работење на клубот и предизвикал конкретна штета.

„Војната“ меѓу двете страни трае веќе долго време, а најпрво Мбапе бараше од ПСЖ да му ги исплати сите долгови, но сега францускиот шампион го возвраќа ударот.

Фото: Grok AI


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *