Навивачите на Реал Мадрид го линчуваа дебитантот кој промаши голема шанса против Барса (Видео)

Младиот напаѓач на Реал Мадрид, Виктор Муњоз, имаше шанса да се прослави и да стане херој на својот тим, но среќата и концентрацијата го изневерија во клучниот момент од натпреварот.

Во 89. минута од средбата, неочекувано се најде во идеална позиција – сам пред голманот Шчесни – но не успеа да ја искористи шансата.

Неговата неискусност излезе на површина во најлош можен момент: Муњоз ја испрати топката крај голот и го лиши Реал од можноста да освои барем еден бод – бод кој ќе го одржеше тимот во трката за шампионската титула.

Промашувањето му донесе лавина критики и навреди на социјалните мрежи, што доведе до тоа фудбалерот да ги исклучи коментарите на своите профили.

Фото: Принтскрин


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *