Гвардиола ја купува ѕвездата на Милан

Како што пренесува Калчомеркато, Пеп Гвардиола подготвил понуда до Милан од 85 милиони евра за еден од најдобрите играчи оваа сезона.

Иако го продолжи договорот со Росонерите, Тижани Рејндерс е првиот пик на менаџерот на Граѓаните во претстојниот преоден рок.

Холанѓанецот игра одлично оваа сезона, а неодамна стави потпис на нов договор со Милан.

Рејндерс дојде во Милан во летото 2023 година од АЗ Алкмар за 20 милиони евра и оваа сезона се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Европа.

Гвардиола го сака и во него гледа идеална замена за Де Брујне.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *