Во рамки на 32. коло од Првата македонска фудбалска лига, Вардар славеше минимално со 1-0 над градскиот ривал Работнички, благодарение на погодок од пенал на Закариќ во второто полувреме.
Скопското дерби овој пат не помина со многу возбудувања, затоа што немаше поголема резултатска важност.
И покрај слабиот интензитет и скромните шанси, пеналот досуден во корист на „црвено-црните“ беше доволен за трите бода, со што Вардар ја потврди својата доминација во оваа пресметка.
Останати резултати:
Работнички – Вардар 0-1
Шкупи – Тиквеш 1-1
Силекс – Пелистер 0-0
Струга – Брера 1-1
Беса – Воска (3-0 службен резултат)
Гостивар – Шкендија (0-3 службен резултат)
Фото: Принтскрин
Leave a Reply