Легендата на Барселона и поранешен тренер на каталонскиот гигант, Чави Ернандез, во моментов е без ангажман, но не го крие своето нетрпение повторно да се врати во тренерските води.
По разделбата со Барселона, неговото име се спомнуваше во врска со неколку клубови, вклучително и тимови од Саудиска Арабија и германскиот Баер Леверкузен, но самиот Чави има поинакви амбиции.
Во неодамнешна изјава, тој јасно го изрази својот интерес да продолжи со тренерската кариера токму во Англија.
„Сакам повторно да бидам на теренот, да водам екипа и да работам со играчи секојдневно. Мојата цел е Премиер лигата. Тоа е натпреварување со голем интензитет и силна конкуренција, каде можеш вистински да се развиваш како тренер. Би сакал проект кој ќе ми даде време – барем четири години – за да создадам нешто стабилно, со јасна визија и стил“, изјави Чави.
Фото: Принтскрин
Leave a Reply