Реал Мадрид тврди: Навивач на Барселона ќе го суди „Ел Класико“

by

in

Во Реал Мадрид денес обвинуваат дека назначениот судија во Ел Класико, Алехандро Ернандез Ернандез дека е навивач на Барселона.

Реал Мадрид ТВ продолжува со својата практика да врши притисок врз судиите пред важни натпревари. Овојпат на удар се најде главниот судија на Ел Класико, Алехандро Ернандес Ернандес, кој и покрај тоа што важи за еден од најдобрите шпански судии, беше обвинет дека има историја на грешки против Кралевите.

Во четири и полминутно видео, Реал Мадрид ТВ ги истакна наводните неправди кои Ернандес ги направил против нив во изминатите сезони. 

Доколку Барселона го победи Реал Мадрид, ќе избега со седум бода предност на врвот и практично ќе ја осигури титулата.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *