Шошкиќ со тројка во финишот го одведе Работнички во полуфиналето

Кошаркарите на Работнички обезбедија пласман во полуфиналната фаза на Првата македонска лига.

Во мајсторката Работнички со вкупни 3:2 во серијата го совлада битолски Пелистер, односно со 82:79 во петтиот решавачки натпревар.

Младиот Андреј Шошкиќ беше херој со тројка буквално во последната секунда, па со тоа донесе екстремно важна победа за „центарци“ со резултат 82:79.

Најефикасен во победничката екипа беше Ѓуроски со 24 поени, пред Шошкиќ кој запиша 23 поени и осум асистенции. На спротивната страна Костоски забележа 21 поен.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *