Шкендија е нов шампион на Македонија

by

in

Шкендија е новиот шампион на Македонија за сезоната 2024/2025, откако со 2:1 го совлада Работнички. Ова е петта шампионска титула во историјата на клубот, по оние освоени во 2011, 2018, 2019 и 2021 година. 

Во шестата минута тетовските „црвено-црни“ поведоа со голот на Латифи. Во 33 минута за зголемување на предноста се погрижи Тамба.

Во второто полувреме, гостите од Скопје успеаја да намалат на 2-1 со гол од пенал, кој го постигна Далеј во 62. минута.

Така, Шкендија на две кола до крајот ја обезбеди шампионската титула, вкупно петта во нејзината историја.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *