Кожуф за скандалот со Башкими: Ако ги најдете виновниците – да ги казните!

by

in

По реакцијата на Башкими со соопштение за вчерашниот скандалозен гол на кумановскиот тим во финишот за победа се огласија и од редовите на Кожуф.

Клубот од Гевгелија ги отфрла сите обвнувања и порачува, ако виновниците се пронајдат да бидат казнети.

„Во рамките на 28-коло од ВМФЛ НА градскиот стадион во Гевгелија се одигра натпреварот помеѓу Фк Кожуф и Фк Башкими кој заврши со резултат 1:2.

По завршувањето на натпреварот во јавноста имаше силни реакции во однос на залагањето на дел од играчите од нашиот тим. Во овој момент ги отфрламе обвинувањата кон Фк Кожуф и играчите. Доколку истрагата од надлежните органи утврди нерегуларности на овој натпревар виновниците нека бидат најстрого казнети!

Со почит Фк Кожуф“, стои во соопштението.

Фото: ФК Кожуф


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *