Башкими тврди дека натпреварот против Кожуф не бил наместен (Фото)

by

in

Вистинска бура се подигна по вчерашниот натпревар меѓу Кожуф и Башкими, одигран во Гевгелија, кој заврши со победа на гостите од Куманово (2-1) благодарение на гол постигнат во самата завршница – во 92. минута.

Мечот, кој беше од клучно значење за амбициите на Башкими за директен влез во Првата македонска лига, остави горчлив вкус во спортската јавност поради сомнежи во регуларноста на исходот.

Потегот што доведе до победничкиот погодок предизвика лавина реакции, особено поради начинот на кој играчите на Кожуф, кои до тој момент имаа сигурен бод, делуваа крајно пасивно и без вистинска намера да го спречат нападот.

„Нашиот клуб, со најголема одговорност информира дека секој натпревар, вклучувајќи го и овој со Кожуф, е чист и заслужено ги освоивме трите бода во нашата борба за пласман во Првата лига“, соопштија од Башкими.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *