Кожуф на срамен начин прими гол против Башкими, навивачите збеснаа (Видео)

by

in

Екипата на Башкими оствари исклучително важна победа на гостински терен против тимот на Кожуф, совладувајќи го со резултат 2-1. Иако бодовите беа значајни за битката за врвот на табелата, натпреварот остана во сенка на контроверзен момент во самиот финиш.

Во судиското продолжение, фудбалерите на Кожуф речиси престанаа да се движат и не покажаа отпор додека гостите без поголеми потешкотии го постигнаа победничкиот гол. Овој несекојдневен потег предизвика лавина реакции на социјалните мрежи и во спортската јавност.

Со освоените три бода, Башкими се наоѓа на третата позиција со 60 бодови, веднаш зад Арсими кој има 61 и лидерот Македонија ЃП со 63 бодови.

View this post on Instagram

A post shared by СПОРТСКИ (@sportski.info)

Фото: Принтскрин


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *