Антонио Конте, изрази задоволство по минималната победа од 0-1 на гостински терен против Лече, што го приближи тимот до Скудетото.
„Ќе бидам искрен – ова беше важен чекор кон титулата, иако не и пресудниот. Имав страв од овој натпревар, бидејќи Лече се бори за опстанок, а ние пристигнавме во незгодна ситуација. Се надевам дека Лоботка ќе биде подготвен за следниот меч, затоа што моментално се распаѓаме. Ни недостигаат Нерес, Бонџорно, Жезус… Многумина мислат дека тоа е нормално, но Оливеира за првпат играше како централен дефанзивец под мое водство. Добро е што тимот реагираше позитивно на овие предизвици“, изјави Конте.
Доколку Наполи ја освои титулата оваа сезона, тоа ќе биде историски успех за Конте – Скудето со трет различен клуб.
„Да почекаме прво тоа да се случи. Сум освојувал, но и губел титула во последен момент. Оние што победуваат се впишуваат во историјата, другите само ја читаат“, заклучи Конте.
Leave a Reply