Трилер без победник во Автокоманда: Вардар во финишот обезбеди бод против Алкалоид

by

in

Во дерби-средбата од македонската ракометна Суперлига, екипите на Алкалоид и Вардар одиграа возбудлив и неизвесен натпревар кој заврши без победник – 26:26. Натпреварот, одигран во салата „Автокоманда“, понуди многу драма, борбеност и изедначена игра до самиот крај.

Вардар поведе со минимални 8-7 по возбудливиот почеток, но Алкaлoид повторно презеде иницијатива и поведе со 10:8. До крајот на полувремето се водеше жестока битка гол за гол, по што се замина на пауза со изедначен резултат од 12:12.

Во второто полувреме повторно следеше драма во која Алкалоид на 30 секунди пред крајот поведе со 26-25, меѓуто Вардар во самата завршница обезбеди бод.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *