Младите ракометари на Еурофарм Пелистер го дознаа противникот во битката за финале на фајнл-фор

by

in

Младите на Еурофарм Пелистер ќе се борат со дански ГОГ за пласман во финалето на ЛШ во Келн

Младинскиот тим на Еурофарм Пелистер ќе има историска шанса да се бори за европска круна, откако денешната ждрепка во седиштето на ЕХФ им го додели данскиот претставник ГОГ Гудме како противник во полуфиналето на завршниот турнир во младинската Лига на шампиони.

Завршниот турнир ќе се одржи во јуни во Келн, во познатата „Ланксес Арена“, а ова е прво учество на некој македонски клуб во младинската верзија на елитното натпреварување.

Битолчани до овој успех стигнаа на импресивен начин – најпрво убедливо го совладаа полскиот Киелце, а потоа беа подобри и од домаќинот Динамо Букурешт во квалификациите.

Во другото полуфинале ќе се сретнат две големи ракометни имиња – унгарски Веспрем и шпанска Барселона. Победниците ќе се соочат во големото финале и ќе се борат за титулата младински европски шампион.

Фото: РК Еурофарм Пелистер


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *