Интер го наградува Инзаги со нов договор

by

in

Интер според последните најави сака да ја продолжи соработката со својот тренер Филипо Инзаги кој веќе неколку сезони со успех го води тимот.

Како што откриваат италијанските медиуми, раководството на клубот му понудило нов договор до летото 2027 година, со значително зголемување на годишните примања на сума помеѓу 7 и 7,5 милиони евра.

Инаку, актуелниот договор на Инзаги истекува во 2026 година, но клубот сака да го награди за добрите резултати.

 Најголемиот успех го постигна минатата година кога со Интер го освои Скудетото во Серија А, а покрај тоа има и две титули во Купот на Италија, три во Суперкупот, како и настап во финалето на Лигата на шампионите.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *