Челси се прошета низ Шведска и со една нога е во финале на Конференциската лига

by

in

Англискиот премиерлигаш Челзи направи огромен чекор кон финалето на Конференциската лига на УЕФА, откако во првиот полуфинален натпревар на гостински терен го совлада шведскиот Ѓургарден со убедливи 1-4 (0-2).

Екипата предводена од Енцо Мареска доминираше во текот на целиот меч и уште во првото полувреме ја најави својата надмоќ преку головите на Џејдон Санчо и Нони Мадуеке. Во вториот дел, блесна Николас Џексон со два прецизни удари, ставајќи печат на сигурната победа на „сините“.

Швеѓаните успеаја да намалат преку Исак Мулугета, но тоа беше само утешен погодок кој не ги смени главните впечатоци од натпреварот.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *