Македонската кошарка добива нов предводник: Главчев ќе го наследи Антиќ

Денеска, (среда, 30. април 2025г.) во просториите на КФСМ се сретнаа актуелниот Претседател на Кошаркарската Федерација, Перо Антиќ, и господинот Томица Главчев.

Господинот Главчев ќе биде единствениот кандидат за избор на нов Претседател на Федерацијата на вонредната седница на Собранието на КФСМ, закажана за денес, во СЦБТ со почеток во 16:00 часот.

„Ми претставува особена чест ни задоволство што денеска го пречекав идниот претседател на Кошаркарската Федерација која беше мојот дом во изминатите шест години. Мојот пријател Томица ја има мојата апсолутна поддршка и верувам дека тој е вистинскиот избор за напредокот на кошарката во Македонија. На новиот Претседател му посакувам среќа и успешна работа во години што следат.“ – го поздрави Антиќ својот наследник.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *