Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањето на фудбалерот на Арсенал, Вилијам Салиба.
Салиба има договор со Арсенал до 2027 година, а идејата на Реал Мадрид е да го убедат играчот да побара трансфер во Шпанија.
Салиба, кој има само 23 години, е веќе етаблиран како еден од најдобрите стопери во Европа. Стабилноста што ја внесува во одбраната на Арсенал е клучна причина зошто „топчиите“ имаат најдобра одбрана во Премиер лигата.
„Кралевите“ ги разгледуваат сите опции и разговараат со блиски луѓе околу играчот и добиле позитивен одговор.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Салиба ќе биде примарна трансфер цел за Реал Мадрид.
Leave a Reply