Милан ќе потпише договор до 2029 година со еден од најдобрите фудбалери

Италијанскиот гигант Милан постигнал договор со американската ѕвезда Кристијан Пулишиќ за продолжување на неговиот престој на „Сан Сиро“ за уште четири години.

Според пишувањата на „Газета дело Спорт“, 26-годишниот офанзивец се согласил на нов договор кој ќе трае до јуни 2029 година.

Како дел од новите услови, Пулишиќ ќе добие зголемување на својата годишна плата, која ќе се искачи од досегашните четири на пет милиони евра.

Овој потег доаѓа како награда за неговите одлични настапи, бидејќи токму тој е водечки стрелец на Милан оваа сезона, со 16 постигнати погодоци на 45 одиграни натпревари во сите натпреварувања.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *