Комити донираа 700.000 денари за настраданите во Кочани

Навивачката група преку социјалните мрежи информираше дека со помош на акциите кои ги организираа во изминатиот период собрале финансиски средства во износ од 735.200 денари.

Во соопштението навивачите на Вардар информираа и посебно од која акции колку средства се собрале.

„Трагедијата во Кочани никогаш не смее да се заборави, ниту да се повтори!

Во овој момент, најважно е да се помогне на семејствата на настраданите, на сите кои се уште ја водат најважната борба!

Во таа насока, како група низ разни акции успеавме да издејствуваме 735 200 ден. помош за настраданите во Кочани!

Бидејќи секогаш сме транспарентни! 👇

• Веднаш по трагедијата, се упативме во Државната Болница во Скопје, каде што однесовме храна, вода и финансиска помош – 17 000 ден.

• На натпреварот против РК Алкалоид, наши членови донираа 39.600 ден.

• На натпреварот против Ц. Ѕвезда, наши членови донираа 378 600 ден.

• Донациите од кутиите пред стадионот во висина од 100 000 ден. ги дониравме на семејството на Сара Пројковска, вокал на групата ДНК, која жал е една од жртвите на трагедијата.“

• Нашата подгрупа – Комити Драчево донираше 200 000 ден. директна помош!“, стои во соопштението.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *