Eвертон падна на „Стенфорд Бриџ“: Челси освои важни три бода во борбата за ЛШ! (Видео)

Челси не запира со добрите игри во Премиер лигата – вечерва славеше нова победа, овојпат над Евертон со минимални 1-0, во рамки на 34. коло.

Стрелец на единствениот гол беше Николас Џексон во првото полувреме, а во остатокот од натпреварот „сините“ ја имаа контролата, но не успеаја да постигнат уште еден гол за потврда на триумфот.

Избраниците на Енцо Мареска со оваа победа впишаа петти меч без пораз во домашното првенство, што им овозможи да се зацврстат во трката за Лигата на шампионите. Челси сега има 60 бодови на четвртата позиција, исто колку што има и Нотингем, додека Њукасл е само бод зад нив, со натпревар помалку.

До крајот на сезоната, „сините“ ќе мора да продолжат во ист стил доколку сакаат да ја осигураат визата за елитното европско натпреварување.

Фото: Chelsea FC/FB


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *