Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски се покажа како вистински јунак за Вараждин, носејќи му триумф од 2-1 против Локомотива со два гола во второто полувреме.
Иако Локомотива прва стигна до водство преку пеналот на Мудаџија, со кој заминаа на пауза со 0-1, домашниот тим не се откажа.
Токму тогаш на сцена стапи Митровски. Во 60. минута мајсторски погоди од слободен удар, а нешто подоцна уште еднаш ја затресе мрежата на Локомотива, носејќи голема победа и нови три бодови за Вараждин.
MITROVSKI! WHAT A GOAL!
— 🇭🇷 (@TheCroatianLad) April 26, 2025
Varaždin 1-1 Lokomotivapic.twitter.com/OzT9T3BWpW
Leave a Reply