Вардар лесно се справи со Беса

Фудбалерите на Вардар продолжуваат со одличните игри во пролетниот дел од сезоната, денеска на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ славеа триумф над Беса со 3-1.

Најзаслужен за новите три бода беше искусниот Горан Закариќ, кој со два гола ја предводеше екипата до победата. Закариќ првично го отвори резултатот во самиот финиш на првото полувреме, а потоа во 58. минута постигна нов гол за водство од 2-0.

Беса успеа да намали на 2-1 во 69. минута, но многу брзо, Вардар само две минути подоцна го врати водството од два гола.

Со овој триумф „црвено-црните“ се искачија на шестото место на табелата со 35 бодови, два повеќе од Шкупи кој има еден натпревар помалку.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *