Барселона уште од 1990 година чека триумф против Реал во кралскиот Куп

Вечерва Севиља ќе биде центарот на вниманието на фудбалската јавност, каде што ќе се одигра големото финале на шпанскиот куп — Копа дел Реј. На мегдан ќе излезат двата најголеми ривали на шпанскиот фудбал, Барселона и Реал Мадрид.

Иако Барса и Реал се меѓу најуспешните клубови во историјата на шпанскиот фудбал, нивните средби во финалето на Копа дел Реј се реткост. Досега имаат одиграно само шест финални натпревари меѓу себе, а билансот е целосно израмнет — по три победи за секоја страна.

Барселона се надева дека ќе стави крај на оваа негативна низа. Последната победа на Барса против Реал во финале од Копа дел Реј датира од 1990 година, кога на стадионот „Луис Казанова“ во Валенсија извојува убедлива победа од 2-0.

Фото: Принтскрин


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *