Атлетико „распали“ по Реал: Доста го уништувате имиџот на шпанскиот фудбал

Реал Мадрид предизвика силни реакции и остри критики во шпанската спортска јавност, особено од медиумите и навивачите што традиционално не се наклонети кон најтрофејниот клуб во земјата.

Остра осуда пристигна од речиси сите водечки спортски медиуми надвор од Мадрид, а и голем број шпански клубови изразија незадоволство од постапките на актуелниот шампион. Особено гласен беше Атлетико Мадрид, кој преку објава на социјалните мрежи јавно го поддржа судијата Рикардо де Бургос Бенгоечеа.

„Ова е неподносливо. Престанете да го уништувате имиџот на шпанскиот фудбал“, објави Атлетико.

Фото: Принтскрин


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *