Драма во Битола: Вардар победи со гол во последната секунда!

Пелистер и Вардар одиграа неверојатен натпревар салата „Боро Чурлевски“ во Битола кој по голема драма го добија црвено-црните со 35-34 и се качија на првото место на табелата.

Одлучувачкиот погодок го постигна Дмитро Хориха во последните мигови од натпреварот, со вистинска „бомба“ од десет метри, оставајќи го немоќен голманот Никола Митревски

Со оваа победа, Вардар се искачи на првото место на табелата со 12 бодови, еден повеќе од Пелистер и четири пред Алкалоид, кој има натпревар помалку.

Младен Крсманчиќ со 11 голови беше најефикасен во составот на Вардар, Дмитро Хориха даде седум исто колку што и Вуко Борозан. Кај Пелистер најдобар беше Дејан Манасков со десет гола.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *